Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТО) Тренерот на ЖРК Вардар, Ристова на тренинг со најмладите вардарци од К.Вода Вардар
(ФОТО) Тренерот на ЖРК Вардар, Ристова  на тренинг со најмладите вардарци од К.Вода Вардар

(ФОТО) Тренерот на ЖРК Вардар, Ристова на тренинг со најмладите вардарци од К.Вода Вардар

 Првиот тренер на ЖРК Вардар, Драгана Ристова организираше тренинг за момчињата и девојчињата родени 2008, 2009, 2010 и помалите, а кои се членови на нашата академија и се дел од РШ Кисела Вода Вардар. Присуството на тренери од Вардар на тренинзи во нашите ракометни школи преминува во пракса и сезонава тренинзи за најмладите веќе организираа тренерот на Вардар Јуниор, Стојан Петрушевски и тренерот за голмани Александар Царчев.

ww2

И овој пат, атмосферата на тренингот се промени кога децата го видоа гостинот, поранешна репрезентативка на Македонија и тренер на женскиот состав на Вардар,  Драгана Ристова.  Таа е и сестра на нивниот тренер Билјана Пецевска, и пред неколку години двете заедно работеа со младинската женска селекција на Вардар. Искуството од заедничка работа со млади категории се забележа и на овој тренинг преку усогласеноста меѓу тренерите. Но, најсреќни беа децата.

ww

„Тие веќе го сакаат ракометот и искрено, детски се забавуваат додека тренираат. Најубаво е што несвесно, со насмевка учат и го применуваат тоа што им го покажувам и објаснувам. Кај сите е заедничка желбата да знаат повеќе. Да научат повеќе. Ракометот, како и секој спорт им дава на децата избор да не се постојано пред мобилни телефони или таблети, да растат здраво и во дружба со своите врсници- вели Драгана Ристова.

Термините за тренинг во школата Кисела Вода Вардар се секој вторник и четврток од 17.30 часот за децата родени 2010 година и помлади, а од 18.30 часот за децата родени 2008/09. Тренинзите се одржуваат во основното училиште „Партеније Зографски”.