Вчера во Јане Сандански се одигра првото коло во новата 2020 во Вардар Јуниор лигата. Ова се постигнатие резултати на дел од попладневните дуели.
Во машкиот дуел РК Будимир го совлада РК Филип Вардар во меч од генер.2006/07 од Прилеп со резултат 22-15. Скопските момци отворија со 4-1, потоа следеше игра гол за гол во која тие го контролираа резултатот и заминаа на одмор со резултат 11-8. Во второриот период отворија со доминација и се одлепија на 16-10, тие максимално ја контролираа средбата се до победата со резлтат 22-15.
Кај дамите во истата генерација генер.2006/07 , Будимир беше совладана од РК Драчево со резултат 14-5. Во првиот дел девојките од Драчево доминираа и на одмор заминаа со предност од 8-3. Во вториот дел само го задржаа ритамот, постојано ја зголемуваа предноста победувајќи со девет гола позитива (14-5).
Момците на Бисинов во дуел од ген.2008/09 ја совлада екипата на Кисела Вода Вардар со резултат 26-6. Се беше решено во првиот дел, момците од Велес поведоа со високи 11-0 на ова средба. До крајот во еден краток период видовме рамноправна игра, на двата гола на велешани ракометарите на Кисела Вода одговорија со иста мерка па на пауза заминавме со резултат 13-2. Вториот дел беше чиста формалност.