Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар заигра добро и во гости, доминантна игра и висока победа над Деспина

ЖРК Вардар заигра добро и во гости, доминантна игра и висока победа над Деспина

Нова победа, втора по ред оваа пролет во исто толку суперлигашки кола забележа ЖРК Вардар. Денес, црвено-црните дами гостуваа кај екипата на Деспина во Прилеп. Во вториот дел од есенската полусезона во суперлигашката конкуренција не се прославивме со гостувањата, сепак денес покажавме дека дамите на Ристова, Црвенковска и Царчев умеат да одиграат на високо ниво на гостински терен и да донесат бодови. Во натпревар во кој заминавме и делумно ослабнати, неколку девојки не се на располагање, сепак доминиравме во сите аспекти на ракометната игра дојдовме до висока победа со резултат 15:34.

Вардарки поведоа со добра игра на почетокот со три погодока (1-4), на еден гол на ривалот тие одговорија со четири пати повеќе погодоци. Ја стабилизиравме играта, се играше гол за гол, на тој начин ние умешно ја чувавме предноста од плус четири, во последната третина од овој период влеговме со 6-10. Успеавме до одморот да зголемиме додатно, па на пауза заминавме со наша предност од пет гола. На семафорот во салата „Р.Р-Ричко“ во Прилеп беше 9-14 за црвено-црните дами.

received_566026510788444

Вториот дел започна со по еден гол на двете страни за почетни 10:15. Повторно проработе нашата „машинерија“, вардарки беа одлични во одбраната тоа го наградуваа во нападот, па успеаа да ја пробијат двоцифрената граница уште во пред крајот на првите 15.минути во второто полувреме ( 13:23). Се потоа беше рутина, лесно успеавме да комбинираме и да ја зголемуваме разликата, таа речиси двојно ја „надоградивме“ до звукот на сирената која означи крај. Победата дојде со 19 гола повеќе, ние триумфиравме со резултат 15:34.

На оваа средба добар перформанс имаше Илиќ Андреа која сопра 12 топки, нејзината имењачка, Седлоска имаше  исто така двоцифрен ефект и впиша 10.погодока. Три девојки имаа 6-ка зад своето име, капитенот Бојана Диневска и Марија Галевска стрелаа по шест пати, шест удара одбрани на голот Трајкоска Јована.