На програмата во „Скопско“ женската сениорска ракометна лига е 16.коло, истото е вондредно и ќе се игра утре и задутре ширум земјава. Девојките на Ристова, Црвенковска и Царчев се домаќини на тимот од Струга во меч кој е дерби за позицијата број три на табелата, местото веднаш зад лидерскиот двоец Куманово-Металург.
ЖРК Вардар ја пречекува екипата на Стружанка во четврток, 12.март во големата сала при СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судиската правда на дуелот кој е закажан со почеток во 18-00 часот ќе ја делат Глигор Ќаев и Спаско Ќаев од Скопје. Во овој дуел црвено-црните дами влегуваат со 33.бода, ривалот од Струга досега „собра“ три помалку.
Ние го добивме првиот дуел во гости, тоа е една од најважните наши победи во есенскиот дел. Тоа беше меч си пеколен финиш, во 54.минута беше 24:24 на семафорот, капитенот Диневска Бојана одигра неверојатна партија во финишот и погоди четири пати едноподруго, победата дојде со 25-29. На тој меч Диневска одигра навистика капитенски и погоди 10.пати од игра. Илиќ впиша 11.одбрани, Седлоска постигна 9.погодока. Придонес имаше и другиот голман Грујовска со 4 важни одбрани во оваа победа. По три гола имаа две девојки: Гроздановска и Јаковчевска.