Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Единствена приказна од вардаровата историја: Првпат во Екс-Ју лигата се најдоа таткото и синот Мутибариќ заедно во конкуренција за местото на голот
Единствена приказна од вардаровата историја: Првпат во Екс-Ју лигата се најдоа таткото и синот Мутибариќ заедно во конкуренција за местото на голот

Единствена приказна од вардаровата историја: Првпат во Екс-Ју лигата се најдоа таткото и синот Мутибариќ заедно во конкуренција за местото на голот

Фудбалскиот клуб Вардар постои  73 години, низ овие 7 декади многумина голмани го бранеле црвено-црниот гол. Сепак меѓу плеадата извонредни чувари на „црвено-црната“ мрежа, во преден план отскокнува името на прославениот и честопати несовладливиот Драган Мутибариќ. Роден на 10 ноември 1946 година, во Сомбор – соседна Србија, Мутибариќ со успех настапува меѓу вардаровите стативи, најпрвин од 1966-тата до 1975-тата, а потоа и од 1979-тата до 1983-тата година. Во тимот на Вардар има брането на вкупно 461 натпревар, од кои 256 се првенствени средби и според бројот на настапите се наоѓа на четвртото место во богатата клупска историја.Човекот кој остави неизбришливи траги со неговите бравурозни интервенции, во неколку наврати работеше и како тренер на голманите во првиот тим и младинските екипи на Вардар. Токму како  член на стручниот штаб, Мутибариќ може да се пофали и со четири освоени трофеи во државното првенство (сезона: 1992/93, 1993/94, 1994/95 и 2002/03) и еден во националниот куп (1997/98) во независна Република Македонија. Покрај него на голот на Вардар има свои моменти и неговиот син Слободан Мутибариќ. Тој беше во генерација со Панчев, екипата која се закити со младинска југословенска титула. Посебно интересен е еден факт  кога во еднен момент што беше “куриозитет“  во Екс-Ју лигата се разбира и единствен пример во Вардар овие 70 години се најдоа татко и син во првата постава на една екипа и двајцата конкурираа за место помеѓу стативите. Слободан зборува за својте почетоци и токму тој момент за нашиот сајт.

Слободан во рацете на легендарниот Драган Мутибариќ!

Слободан во рацете на легендарниот Драган Мутибариќ!

Во фудбалскиот клуб Вардар започнав во далечната 1980 година во пионерите под водство на Златко Илиевски и Кирил Дојчиновски. Започнав како центарфор, некако порано ме привлекуваше во моето мало да играм како напаѓач и нормално понекогаш застанував на голот да видам какво е чуството. Периодот во Вардар како центарфор заедно со Дарко Панчев ми остана во убаво сеќавање.  Но нашиот тренер како што поминуваше времето не мислеше така и по една повреда на првиот голман ме стави да бранам со помислата дека морам да имам нешто преземено од Вардаровата легенда и мој татко, Драган Мутибариќ. Со тоа се сложија Андон Дончевски и Златко Илиевски, тој натпревар се сеќавам дека го одбранив одлично. За време на тие две години колку што бранев во Вардар бев дел од многу турнири и со Македонската младинска репрезентација која тогаш ја предводеше Трајче Ковачев покажавме со моите соиграчи Коки Аврамовски, Дарко Панчев и Зоран Трајчевски дека Вардар има светла иднина. Во 1983 година на помошното игралиште на Вардар се играше пријателски натпревар помеѓу нашата младинска екипа и втората екипа на Вардар, на кој ние победивме и 4-5 играчи од младинскиот погон бевме префрлени во првиот тим од тогашниот тренер Вукашин Вишњевац. Ја паметам таа година, бидејќи за прв пат во историјата на Екс-Ју лигата се најдоа татко и син во првата постава на една екипа, мојот татко кој имаше 37 години и јас со 17 години. Тука беше и Момчило Грошев кој се истакнуваше со големата храброст и пожртвуваност на тренинзите.

muto3

Драган специјален гостин на “Војна на голманите на ФК Вардар“ каде ги додели пехарите на пулените на Слободан!

Следната година го освоивме младинскиот куп на Екс-Ју, каде покажавме дека сме талентирана генерација. Овој натпревар се играше во Белград, на маракана, на кој ние победивме со 3:2 против екипата на Војводина. Секако најубав период е кога сениорскиот тим на ФК Вардар во 1987 година ја освои шампионската титула, во која настапував и јас, како и Панчев, Аврамовски и Трајчевски.

13254028_1750256105194893_7705487829313393927_n