ВУКАШИН ВИШЊЕВАЦ – Истакнaтиот југословенски стратег во два наврати во периодот од 1983 до 1986 година го водеше стручниот штаб на Вардар.
Под негово водство во дресот со „црвено-црните“ бои во првата лига на Југославија дебитираа играчите кои подоцна ќе ја освојат и шампионската титула во југословенското првенство како Панчев, Сетинов, Јаневски и другите. Тој создаде основа за она што се случи во 1987 година, поставувајќи темели на шампионската генерација кога Вардар успеа да ја покори најквалитетната фудбалска конкуренција во поранешната држава.
Вишњевац е роден на 15 јуни во далечната 1939 година во Гацко (денешна Република Српска-Федерацијата Босна и Херцеговина).
За последен пат го водеше кормилото на Вардар во сезоната 1985/1986 кога тимот под негова команда го освојува солидното осмо место на првенствената табела меѓу фудбалската елита во поранешната држава.