На денешен ден пред две години, по голема борба во арената во Будимпешта и по две продолженија од по пет минути, Ѓер успеа да го победи Вардар и да ја одбрани титулата во Лигата на Шампионите.
Првиот дел започна со негатива 2-0, ова беше дел со голема борба и со малце голови. Двата тима имаа едноцифрен број погодоци, на одмор се замина со 9-9. Беше изедначено до крајот, Вардар преку Лекиќ на 20 секунди пред крајот поведе со 19:20. Сепак Аморим успева да го израмни резултатот на 20:20, а Вардар не реализира во последните десет секунди. Мечот оди во продолженија и тоа две по пет минути. По две продолжение 2х5.минути бевме поразени со 25-23 и повторно титулата ни избега од рацетe.
Oва беше последна шанса за титула, кратко потоа ѕвездениот тим замина од Скопје.