Женскиот ракометен тим, Вардар во новата сезона ќе биде засебен субјект, повеќе нема да биде дел од семејството на РК Вардар. Тимот се „осамостои“ па една од прашањата кое не беше познато, беше каде ќе продолжи да се натпреварува, конечно истото е решено.
Во комуникација со Гордана Нацева бевме известени дека тимот ќе остане во својот дом, Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје. Црвено-црниот храм и понатака ќе биде наша „база“, покрај тоа дел од тренинзите ќе се одржуваат и во салата при училиштето „Круме Кепевски“ во Скопје. За утре ви најавуваме одлично интервју со Нацева, во која таа ќе ни ги открие: визиите, плановите, состојбата со стручниот тим, целите, начинот на фунционирање и други детали околу проектот „ЖРК Вардар-расадник на мак.репрезентативки“.