Денес во ФФМ со полудиригирана жрепка ги одредни паровите за 1/16-финалето во најмасовното клубско фудбалско натпреварување. ФК Вардар ќе се сретна со тимот на ФК Вардар Форино во првата рунда.
Тимовите на Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Трим Љум како полуфиналисти од последното издание нема да настапат во 1/16-финалето, односно од наредната фаза ќе го започнат натпреварувањето.
Натпреварите од првата рунда ќе се одиграат на 23. септември од 15:30 часот, 1/8-финалните дуели ќе се одиграат на 21. октомври, а 1/4-финалните пресметки на 25. ноември. Полуфиналето начелно е закажано да се игра на 7. април, а финалето на 19. мај.