ЖРК Вардар денес ќе се обиде да се врати на победите во женската сениорска ракометна лига. Попладнево ќе бидеме домаќини на РК Деспина од Прилеп. Дуелот е закажан во 18:30 часот во малата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје. Играме против солиден тим кој знае да биде незгоден на дуелите со црвено-црните дами.
Натпреварот од ова 11.коло од сезоната 2020/2021 година ќе го суди двојка од Скопје. Станува збор за Лејла Јашар и Михаела Капсарева.