Friday ,20 September 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 12.коло! ЖРК Вардар слободен, но ја задржа 2.позиција, поранешните вардарки „решетаат“
Преглед 12.коло! ЖРК Вардар  слободен, но ја задржа 2.позиција, поранешните вардарки „решетаат“

Преглед 12.коло! ЖРК Вардар слободен, но ја задржа 2.позиција, поранешните вардарки „решетаат“

Завчера се одигра некомплетното предпоследно, 12.коло во женската сениорска ракометна лига. Вардар во рунда беше слободен поради непарниот број на екипи кои се напреваруваат во оваа сезона 2020/2021 во сениорска конкуренција кај дамите.  Во дуелите кои се одигра интересен факт е дека доминираа како први стрелци девојки кои заминаа од Вардар и во новите средини се носители на тимовите.

a

Деспина дојде до лесен триумф кај тимот на Ѓорче Петров на гостувањето во Скопје. Тимот зад нас на табелата екипата на Металург триумфираше во Гевгелија со 11 гола. На таа средба прв стрелец беше поранешната  вардарка,  десното кило, Мими Петковска.  Македонската  кадетска репрезентативка одигра одличен натпревар и впиша зад своеото име  8 гола во мрежата на домаќинот.

a2

Чаир на домашен терен имаше лесна задача со тимот на Овче Поле,  победувајќи го со 8.гола повеќе, и овде две поранешни ракометарки на Вардар доминираа во листата на стрелци кај тимот кој дојде до победа. Крилото,  Николовска Анастасија  беше прв стрелец со 10 гола, втора на листата беше Ана Марија Божиновска со 7.погодоци на оваа средба.

117716238_103326318154488_7544438860547769067_n

Во последниот меч  од ова коло, Спартак лесно се снајде во битката со РК Кузман. Прв стрелец со неверојатни 15.гола на мечот беше Ана Марија Коларовска, девојката која летово замина од Вардар и се „препороди“. Таа е прв стрелец во тимот од Кисела Вода со неверојатни 73.гола на само 10.меча. Уште една поранешна вардарка имаше одличен дуел, Грозданоска Ангела погоди 6.пати на таа средба, бекот во Спартак е 3.место на листата на стрелци со 39.гола досега.

a3

*Напомена: Со кликање на било кој пар може да погледнете записник од дуелот

На табелата нема поместување во првата половина на истата, Куманово повторно е лидер, вардарки иако слободни се на „сребрената позиција“. Металург и Чаир останаа зад нас, но со победите  ја намалија предност на еден бод во однос на нашиот тим. Спартак полека напредува на табелата откако врза успеси во низа. На дното е Кузман Илинден без бодови по 10.рунди.

Во недела, 22/11/2020 начелно е закажано 13.коло кое е последна рунда од оваа сезона. Но, поради одложувањето ќе останат голем број на мечеви за доигрување за целосно комплетирање на есенската полу-етапа во лигата. Ние сме домаќини во „Јане Сандански“ на тимот на РК Ѓорче Петров, за точниот термин наскоро ќе има информација.