Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ристова ќе прозива на 18.јануари
Ристова ќе прозива на 18.јануари

Ристова ќе прозива на 18.јануари

Девојките на ЖРК Вардар моментално се на зимска пауза, истата полека истекува остануваат десетина дена одмор. За разлика од сите други тимови црвено-црните први ги одиграа дуелите во лигата, потоа тренираа се до десетина дена пред новата година од кога се на пауза.

Почетокот на пролетните подготовки начелно е закажан за на 18 јануари (понеделник), Ристова Драгана ќе ги собере девојките во  Спортскиот центар „Јане Сандански“.  Вториот член на стручниот штаб, Александар Царчев можно е да не биде на собирот доколку Македонија биде повикана на СП  каде е „прва резерва„ за настап. Пред нас се голем број на предивици оваа пролет, вториот дел од лигата, Купот на РМ и евентуалните дуели во младинската лига.