Зимската пауза изминува и за кадетскиот состав на женскиот ракометен тим на „Вардар“. Тие во понеделник на 18.јануари ќе го имаат првиот собир во новата календарска година. Истиот ќе биде во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Платон Анжела и Папуџиева Марија ќе го имаат првиот тренинг со „лавиците“. Ги започнуваме овие пролетни подготовки со надеж дека конечно ќе играме официјални мечеви. Последниот официјален дуел на овој тим беше во март месец пред почетокот на Ковид-19 пандемијта. Во есенскиот дел не се играше ниедна младинска лига, останува надеж и план за убрзана пролетна програма во март и месеците потоа. За напомена лани при прекинот на првенството ние бевме убедливи лидери на пионерската и кадетската табела, но од познати причини првенството беше прекинато.
Се надеваме дека речиси едногодишниот застој со официјални мечеви нема да остави трага на најдобриот кадетски тим во лигата. Девојките есента тренираа под „полна пареа“, вредно и посветено под менторство на тренерскиот двоец. Тие започнаа со активности од август се до крајот на декември кога се замина на одмор, одигаа само три тест-дуели. Покажаа квалитет на првиот кога го совладаа сениорскиот тим на РК Спартак, потоа беа подобри од Ѓорче и одиграа тест-меч во Автокоманда со Металург каде се играа три периода.