Денес својот 53-ти роденден го прославува легендата на ракометниот клуб Вардар и Македонскиот ракомет, Зоран Петковски или популарниот “Зенга“. Тој е поранешен македонски репрезентативен голман, а долго време од кариерата мина во РК Вардар и како играч и капитен, денес е тренер во младинските категории. Тој моментално е на клупата на младата екипа на РК Вардар, момчиња кои се вистинска надежн на црвено-црниот тим.
Редакцијата на Вардар фанс му посакува среќен роденден, здравје, многу успеси во црвено-црниот клуб и создавање на нови вардарци во иднина.
Среќен роденден Зенга!