Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Женската Супер лига започнува на 13/14.март, Вардар на мегдан со Стружанка
Женската Супер лига започнува на 13/14.март, Вардар на мегдан со Стружанка

Женската Супер лига започнува на 13/14.март, Вардар на мегдан со Стружанка

Познат е почетокот на женската ракометна Супер лига. Истиот е закажан за вториот викенд од идниот месец ( 13 и 14.март).

ЖРК Вардар во првото коло ќе биде домаќин на екипата на Стружанка, потоа следи пауза поради ЕХФ неделата и обврските на А-селекцијата на Македонија во квалификациите. Второто пролетно коло, односно 15.коло од сезоната 2020/2021 година е закажано за 27/28.март. Девојките на Ристова Драгана и Царчев Александар во оваа рунда гостуваат во Гевгелија кај истоимениот женски ракометен состав.

Треба да напоменеме дека прв официјален предизвик оваа ракометна пролет е Купот на Република Македонија каде играме во групата “В“ со Стружанка и Овче Поле СУ. Од оваа 1/4-финална група  победникот обезбедува место на Ф-4 турнирот во мај месец. Групата  е закажана да се одигра на 6/7.март.

▶️14.коло 13/14.03, ЖРК Вардар-Стружанка
▶️15.коло 27/28.03, Гевгелија- ЖРК Вардар
▶️16.коло  01.04, ЖРК Вардар-Спартак