Во наредниов период актуелно е светското ракометно првенство за жени, кое се одржува во Данска. Најголемата победа во третото коло ја забележа селекцијата на Црна Гора, која им нанесе голем пораз на Унгарките. Можеби никој не очекуваше тримф изразен со голема разлика, но Црнагорките покажаа карактер на голем тим, кој е еден од претедентите за освојување на златниот медал. Во текот на целиот дуел имаа постојано водство, кое ниту во еден момент не беше загрозено. На полувреме заминаа со предност од 17:9. Унгарија неу спеаа да се соземе ни во вториот дел, напротив Ц. Гора која продолжи во уште посилно темпо да го игра мечот. На крајот победија со високи 32:15. Ова е втора победа на првенството за Црна Гора, која има уште и нерешен резултат во дуелот со Србија. Три ракометарки на Вардар настапуваат за оваа репрезентација. На вчерашниот натпревар Радичевиќ постигна 3 гола, додека настапија уште и Кликовац која игра претежно во одбраната и Грбиќ.
Од ракометарките на Вардар кои настапуваат на ова светско првенство, тука се Хмирова и Черноиваненко( Русија), како и Лејно и Дембеле(Франција).