Кадетскиот состав на ЖРК Вардар ќе го одигра својот втор контролен дуел во 2021 година. Девојките на Платон Анжела и Марија Папуџиева гостуваат кај тимот на РК Спартак Кисела Вода.
Натпреварот е закажан за денес, среда (17.март) со почеток во 15-00 часот во салата „Круме Кепески“ во населба Кисела Вода. Ова е дуел број три на нашите „лавици“ и сениорскиот тим на скопскиот cуперлигаш. Во минатите два вардарки доаѓаа до победа, на мечот одигран пред еден месец победивме со високи 38-31, претходно во септември минатата година триумфиравме со 28-29.