Избраничките на Симе Симовски денес ќе го одиграат домашниот дуел од женската Супер лига, со екипата на Овче Поле . Како и пред три дена во четвртокот кога играа нашите млади девојки Жрк Куманово, така и денес сме домаќини во малата сала на Спортскиот центар Јане Сандански.
Овој дуел е меч во рамки на 11 коло во единствената женска ракометна конкуренција во земјава. Вардар Јуниор во четвртокот ја оствари осмата победа во супер лигата и така го задржи стопроцентниот ефект во првенството и се врати на лидерската позиција на табелата во која влегува во овој дуел со максимални 24 бода, а нашиот противник спротовно од нашите девојки е закован за дното од табелата, “Фенерџијата“ во лигата во досегашните кола има освоени само 2 бода. Денешниот домашен дуел на нашите девојки е закажан со почеток во 19:30 часот.