Викендов, ЖРК Вардар се закити со „сребро“ во Купот на Република Македонија, во полуфиналето го совладавме тимот на Чаир, во финалниот дуел Куманово беше подобар. Како и во 2019 кога Грујовска дојде до наградата, така и оваа година најдобриот голман го има повторно црвено-црниот тим. Станува збор за младата надеж на македонскиот ракомет, Илиќ Андреа. Пуленката на Царчев, доби признание за најдобар „чувар на мрежата“ на оваа Куп завршница, токму со неа зборуваме за настанот во Автокоманда.
-Нашата цел пред се беше да играме финале и тоа успеавме. Одигравме два добри меча, со многу желба, борба и тимска игра. За жал, Куманово во финалето беа подобри од нас, победи пред се искуството. Ние сме млада екипа желни за докажување и на следниот првенствен натпревар против нив одиме на победа.
Наградата за најдобар голман е поттик за секој добитник да работи и понатака на врвно ниво, вредно и трудољубиво.
-Во врска со наградата за најдобар голман на завршниот Ф-4 турниор во Купот, искрено не очекував, но секако дека чуството е убаво. Имав голема помош од целата екипа, од тренерот на голмани Царчев, како и од тренерот на тимот Драгана Ристова.
Неизбежно прашање за крај е и очекувањата за денешниот дерби натпревар кога црвено-црните дами ја пречекуваат екипата на Металург во Јане Сандански.
-Денес не очекува доста важен натпревар со Металург, голема борба и тешка битка, но ние како и на секој натпревар идеме на победа. Сите ние го посакуваме тоа второто место и мислам дека со тимска и борбена игра ќе ја оствариме нашата цел- вели Илиќ.