Thursday ,19 September 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар за „заверка“ на 2.место гостува кај Ѓ.Петров, во четврток последното коло
ЖРК Вардар  за „заверка“ на 2.место гостува кај Ѓ.Петров,  во  четврток последното коло

ЖРК Вардар за „заверка“ на 2.место гостува кај Ѓ.Петров, во четврток последното коло

Познат е терминот за последниот дуел на ЖРК Вардар во сезоната 2020/2021 во женската Супер ракометна сениорска лига. Напреварот е закажан за 3.јуни (четврток) со почеток во 19-00 часот, каде ќе гостуваме кај тимот на ЖРК Ѓорче Петров.

Овој дуел е клучен со победа на истиот ќе обезбедиме заверка на „сребрената“ позиција во лигата. Моментално сме на 2.место со бод пред Металург кој во последното коло гостува во „Круме Кепески“ кај Спартак Сетекс.

Нашиот последен натпревар оваа сезона ќе се игра во салата “Христо Батанџиев“ во Ново Село.