Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > БиХ прва „препрека“ за Македонија на ЕХФ Шампионатот, шест вардарки во комбинација за настап на мечот во „Ј.Сандански“
БиХ прва „препрека“ за Македонија на ЕХФ Шампионатот, шест вардарки во комбинација за настап на мечот во „Ј.Сандански“

БиХ прва „препрека“ за Македонија на ЕХФ Шампионатот, шест вардарки во комбинација за настап на мечот во „Ј.Сандански“

Од денес започнува ЕХФ шампионот за младинки кој ќе се игра во Скопје. За црвено-жолтата селекција прв натпреварот е тој поладнево против врсничките од Босна и Херцеговина.

Натпреварот е закажан со почеток во 20:30 часот и се игра во СЦ „Јане Сандански“.  Во последниот список на селекорот Љубомир Савевски од црвено-црниот тим се шест девојки од ЖРК Вардар. По последниот “филтер“ останaa тие кои влегуваат во комбинација за настап, станува збор за: голманот Јована Трајкоска, пикерското дуо Ивана Џатевска-Катерина Дамјаноска, бекот Костовиќ Ангела, левото крило Сара Миновска од првиот тим на ЖРК Вардар. Покрај нив од кадетскиот состав на црвено-црните е Пешиќ Мила, тука и досегашниот капитен на кадетките кој пред една седмица  смени тим, Коловска Александра.