По вчерашниот тежок натпревар против Холандија на кој бевме поразени во финишот (29-25), денес младинската женска македонска селекција ја очекува нов предизвик на ЕХФ Шампионатот во Скопје. Играме против врсничките од Косово, на оваа средба сме фаворити, но заморот е наш противник.
Потребна е победа со цел да се зачуваат шансите за пласман во 1/2-финалето на овој ЕХФ Шампионат. Дуелот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје е закажан со почеток во 20 часот и 30 минути.