Младинската репрезентација на Mакедонија во женска конкуренција денес во Јане Сандански оствари победа од 31:25 на натпреварот против Финска. Со овој триумф на ЕХФ шампионатот во Скопје црвено-жолтата селекција избори за дуел против Исланд за 5. место кој се игра утре.
Првиот дел заврши со резултатска симетрија 11-11, избраничките на Савевски одиграа подобро во вторите 30.минути. Тие ја скршија Финска и им нанесоа пораз со резултат 31:25 .
Јанкуловска и Коларовска со по 7.гола беа први стрелци. Од вардарки три пати погоди Сара Миновска, Џатевска Ивана имаше два погодока. Одлична беше на голот Јована Трајкоска која влезе од клупа и одбрани одлично таа собра 10.одбрани, ова е вторпат да биде двоцифрена и единствена голманка од мак.составот со таков скор.