Денес, младинската репрезентација на Mакедонија во женска конкуренција во Јане Сандански ќе го игра својот последен дуел на ЕХФ шампионатот кој се игра во Скопје. Црвено-жолтата селекција за противик ќе ја има селекцијата на Исланд ова е дуел за 5. место.
Дуелот на избраничките на Савевски и исланѓанките ќе започне во 13-00 часот. Во составот на Македонија повторно ќе играат пет вардарки: Трајкоска, Џатевска, Миновска, Пешиќ и Костовиќ.
Досега одигравме пет меча на шампионатот, победивме на три, имавме едно реми и бевме само еднаш поразени од Холандија која е финалист и ќе игра во дуелот за прво место.