Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Маја Петровска: “Јуниор лигата“ претставува одлична можност за сопствена промоција како добар спортист и можност за напредување во кариерата
Маја Петровска: “Јуниор лигата“ претставува одлична можност за сопствена промоција како добар спортист и можност за напредување во кариерата

Маја Петровска: “Јуниор лигата“ претставува одлична можност за сопствена промоција како добар спортист и можност за напредување во кариерата

Позитивните впечатоци од најновиот проект на ракометниот клуб Вардар, “Јуниор лигата“ и понатаму продолжуваат. До сега се одиграа четири кола во ова натпреварување. До 20-ти јануари следи пауза, кога и ќе продолжат мечевите во лигата, која ја сочинуваат повеќе од 20 ракометни школи кои се дел од ракометната академија на Вардар. Дел од ова лига е и екипата на Рк Ново Лисиче предводена од тренерот Анжела Платон.

-Лигата е одлична можност за надигрување и подобрување на сопствената игра, но мое лично мислење е дека фалат повеќе натпревари во склоп на лигата. Со организација на оваа лига, добивме можност да се надигруваме со своите врсници од целата држава, кои се дел од семејството наречено Вардар.

Маја Петровска настапува за екипата на Рк Ново Лисиче-Вардар, генерација родени 2002/2003 година. До овој период имаат одиграно два натпревари во “Јуниор лигата“.

-Дел сум од тимот РК Ново Лисиче-Вардар. Сеуште треба да работиме напорно и да учиме слушајќи ги советите од нашите тренери, кои се тука за нас во секој момент да ни кажат некои совети или критики. Лигата претставува одлична можност за сопствена промоција како добар спортист и можност за напредување во кариерата. Лигата ја гледам апсолутно како предизвик да се стигне до целта, а тоа е да се стане дел од големото ракометно семејство на Вардар, изјави Маја Петровска за Вардар фанс.

Звонко Ивановски