Тренер на голманите во женскиот клуб Вардар, Александар Царчев со репрезентативно предигре и имиџ на вреден и квалитетен работник денеска го одржа својот послден тренинг со голманките во ЖРК Вардар.
Денес тој го имаше „последниот час“ со своите пуленки во Јане Сандански, по што ја направи последната фотографија која е насловна на текстов. Го очекува интернационален предизвик, популарниот „Цаки“ во следните 12 месеци ќе работи во Саудиска Арабија, во Дамам, градот што се промовира како водечки центар во овој дел од светот.
Ќе работи како тренер на голманите во машиот сениорски тим на Саудиска Арабија. Позиција за која е и квалификуван и несомнено квалитетен, тој покрај во вардаровиот табор беше задолжен за голманите и во македонската А-селекција.