Попладнево во полуфиналето со победа од 25:22 против Полска репрезентацијата на Македонија се избори за големо финале и на женскиот кадетски шампионат во Клаипеда. Одлична игра прикажаа македонските кадетки и заслужено обезбедија финале.
На почетокот се играше гол за гол, а потоа во 14. минута Полска дојде до 7:4, , но предноста на Полска стигна и до плус четири во 20. минута (10:6). Влеговме во серија 5-0 успеавме да се вратиме на резултатски план и на одмор заминавме со резултат 12-12. Противникот во вториот дел поведе со 15-12, сепак изнајдовме сила и победивме со добра игра до крајот со 25-22. Победата донесе големо финале утре против селекцијата на Исланд.
Од вардарки Коцева Бојана имаше три гола на овој натпревар.