Уште една кадетка на ЖРК Вардар ќе настапува во сениорската лига. Очигледно овој тим е непресушен извор на играчи за сениорските екипи. Голманката, Леа Христоска е нов член на тимот на Аеродром. Според информациите токму овој тим кој до сега играше само во младинските лиги ќе настапува во сениорската конкуренција.
Леа, ги бранеше боите на црвено-црните неколку години беше дел од тимот кој ја освои двојната круна и кој оваа сезона дојде до кадетска „бронза“.
Редакцијата на Вардар фанс и посакува многу успех.