Тимот на Ѓорче Петров и Вардар одиграа борбен и неизвесен натпревар во финалето од првиот „Ѓорче Петров Куп“. Победник на турнирот е екипата на Ѓорче Петров која победи во финалето со 28:23.
Вардарки подобро го започнаа натпреварот и отворија со 2:0, потоа Ѓорче со серија 0-4 ја превзема инцијативата. Тие поведоа со два разлика и ги задржаа до одморот. После 30 минути игра домаќинките на турнирот водеа 16:14.
Подобро домаќинот влезе во вториот дел, Ѓорче Петров поведе со 23:17, но следуваше период од шест минути без погодок што Вардар го искористи и се доближи на 23:20. Вардарки имаа шанса во три напади по ред да погодат за минус два, но не успеаа домаќинот победи со 28-23.
Во составот на Варадар најпрецизна беше Сара Миновска со осум гола. Дамјаноска имаше 4гола. Трајкоска фати 8, а Илиќ 5 топки сопра.
Илиќ доби награда за најдобар голман на турнирот.