Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Платон и Папуџиева создадоа нови „лавици“, Металург на „колена“ во Автокоманда
Платон и Папуџиева создадоа нови „лавици“, Металург на „колена“  во Автокоманда

Платон и Папуџиева создадоа нови „лавици“, Металург на „колена“ во Автокоманда

Кадетките на ЖРК Вардар денес го имаа најважниот дуел во групата, тие гостуваа во дербито кај тимот на Металург. Платон и Папуџиева оваа есен мораа да внесат во систенот голем број на нови девојки, по заминувањата, имаше и повредени девојки како Бојана Коцева која не можеше да настапи денес. Сепак покажаа дека нивната работа со млади категории е фантастична, тие всадија победнички дух во овој „реновиран“ тим и во среде Автокоманда дојдовме до ГОЛЕМА гостинска победа со резултат 32-37.

На почетокот на првиот дел, ги затворивме приодите кон голот, Вероника Ѓорѓиевска впиша одбрана, Имавме фантастично отварање со головите на: Попова, Стојановска, Радевска и два Максимовска поведовме со 0-5. Следеше игра гол за гол, ние бевме на комотни 4-5.гола предност, точно на средината на првиот дел со голот на Тошевска од 8-9.метра поведовме со  шест погодока (9-15). Имавме контола на играта во 22.минута по одбрана на Ѓорѓиевска, во игра погоди Попова по одлична асистенција на Крагељ за седум плус (8-15). На одмор заминавме со резултат 13-21 кој го постигна од пенал Сара Стојанова на 50.секунди до крајот на овој период.

d2-2

Вториот дел го отворивме со гол на денес најефикансната Борјана Коцева која зголеми на 13-22. Платон и Папуџиева одлично го водеа тимот, ротираа и дадоа шанса на голем број на играчи. Без разлика на се ние бевме тимот кој го диктиташе темпото и дојде до важна победа за зачувување и зацврстување на лидерската позиција на табелата. Оваа трета средба во кадетската лига ја добивме со резултат  32-39 на крајот.

Македонската репрезентативка, Борјана Коцева  беше прв стрелец со 8 гола, одличното крило Бојана Радевска даде 6 гола.  Две девојки имаа 5ки: Сара Стојанова  и Нина Попова.  Магдалена Тошевска  успешно погоди 4.пати,  Наталија Максимовска и  Теодора Ангелова имаа по  3 гола.  Миа Маринчов даде 2 гола, три девојки по еднаш ја тресеа мрежата на сино-белите: Андреа Миланова, Ангела Шехтанска и Михаела Велјановска.

На голот одлична беше Вероника Ѓорѓиевска  со двоцифрен број одбрани, таа сопре 11 топки (1.пенал), а Тамара Ѓорѓиева со 2 одбрани исто така даде значаен проднонес во победата денес.