Кадетскиот тим на ЖРК Вардар работи вредно под будното око на Платон Анжела и Папуџиева Марија, тие ги подготвуваат девојките за пролетните предизвици во лигата. Во продолжение 50-сетина фотографии од нивниот последен тренинг на кој владееше одлична атмосфера, вредно се работеше и се увежбуваа ракометните вештини на овие млади дами.