ЖКК Вардар вчера гостуваше кај тимот на Крива Планка во истоимениот град, девојките на Ашаданов Александар ја оправдаа фаворитската улога и дојдоа до победа со резултат 58-64.
По првите 10.минути имавме речиси двојно повеќе поена, истата ја добивме со резултат 11-20. Во втората успеавме да додадеме пет поена на предноста за 14.плус, на одмор помеѓу двата периода во салата „Бранители 2001“ стоеше 27-41 за црвено-црните дами. Во 27.минута домашниот тим намали на само 8.поена (42-50), Деловска со одлична асистенција исфри од ритам еден чувар, асистираше до Наков која погоди 3ка и повторно почнавме да се одлепуваме. Се олабавивме во последниот период, но не дозволивме да биде загрозена нашата победа, триумфиравме со резултат 58-64.