Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Нина Ладева: Во Челинџ купот наша цел е “со срце на терен“ достојно преставување на Вардар
Нина Ладева: Во Челинџ купот наша цел е  “со срце на терен“ достојно преставување на  Вардар

Нина Ладева: Во Челинџ купот наша цел е “со срце на терен“ достојно преставување на Вардар

Младата Нина Ладева е еден од најперспективните млади голмани на црвено-црните и иднина на македонскиот женски ракомет. Таа е дел од Жрк Вардар јуниор кој со максимален учинок  гази во женската Супер лига. Тимот предводен од Симе Симовски утре во 14-00 часот е домаќин на српскиот преставник во Челинџ купот екипата на Минаква Војводна. Ви ги пренесуваме очекувањата од  младата Ладева за овој дуел во 1/8 финалето од Челинџ купот:

Од двомечот со Минаква Војводина очекувам две победи затоа што сме  максимално спремни како тим  и целосно  мотивирани да го постигнеме најголемиот успех на оваа млада генерација вардарки. Нашите амбиции во Челинџ купот се максимални. Во ова натпреварување главна цел ни е  “со срце на терен“ достојно преставување на нашиот клуб и име- Вардар.

Вториот натпревар со србинките е закажан за недела во 15-00 часот кој како и првиот ќе се одигра во Јане Сандански. За искуството кое ќе го добијат девојките на јуниор и очекувањата од продолжетокот на сезоната Нина вели :

Секој натпревар особено  во Челинџ купот значи и стекнување на потребното искуство за надоградба  на нашата игра како на тимски така и на индивидуален план. Во домашното првенство амбициите се јасни а тоа е задржување на максималниот ефект и по последното коло до Супер лигата.- Вели Нина Ладева за Вардар фанс.

Михајло Тушевски