Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Жрк Вардар Јуниор го доби првиот дуел, против Војводина Минаква
Жрк Вардар Јуниор го доби првиот дуел, против Војводина Минаква

Жрк Вардар Јуниор го доби првиот дуел, против Војводина Минаква

Жрк Вардар Јуниор со предност од два гола, ќе го започне утрешниот реванш дуел од 1/8 на Челинџ купот, против тимот на Војводина Минаква. Овие две екипи го завршија првиот натпревар со резултат 26:24 , во корист на младите Вардарки.

Натпреварот започна со гол на Војводина Минаква, додека нашите девојки вратија со два гола, за прва предност. Во 6 минута резултатот беше израмнет, додека во наредниот период гостинките имаат постојано водство. Се играше еден тежок меч со цврста одбрана на двете страни. Екипата од Србија се покажа како “тврд орев“ за нашите Вардарки. За прв пат една од екипите, а тоа беше Војводина успеаа да поведе со два гола разлика 4:6. Во следните неколку минути, успеваме со два контра-напади, најпрво преку Митова а потоа и на Прленда да го израмниме резултатот. Во 15 минута, гостинките повторно стигнуваат до своите два гола најголема позитива 7:9 и 8:10. Симона Стојановска и Сара Митова со по 3 постигнати голови, на десет минути пред крајот на првото полувреме се нашите најефикасни ракометарки. Наташа Нолевска при нерешен резултат пропушта можност преку брза контра-напад да го преземе водството. Незгодна ситуација се случи на три минути пред крајот кога во директен судир, мораше надвор од теренот да биде изнесена Марија Прленда. Голманот на Војводина доби директен црвен картон, додека нејзината соиграчка исклучување од 2 минути. Тоа максимално го искористивме и со двата последователни погодоци на Нолевска да имаме највисоки во тие моменти 14:12. Сепак со звукот на сирената, гостинките го постигнуваат последниот гол по првиот дел, за на одмор да заминеме со водство од 14:13.

Одлично го отвараме второто полувреме со два наши гола за три голови позитива. На голот е Љупка Белмезова, која ја замени Нина Ладева, која го започна натпреварот. Митова со четвртиот погодок ја презема улогата на најефикасна ракометарка, додека во 36 минута веќе имаме највисоки 18:14. До 40 минута ја одржуваме оваа највисока предност од 4 голови, а Нолевска се израмнува по бројот на постигнати голови со Митова. Неколкуте наши искористени напад им овозможија на противничките ракометарки да намалат на два гола негатива 20:18 во 47 минута. По подолг период разликата е само еден гол предност за Вардар Јуниор. Тренерот Симовски во овој период се одлучува да повика тајмаут и да ги смири своите избранички. Со вториот погодок на бекот Керамичиева успеваме да поведеме со 23:21, на осум минути пред крајот. Со одбраната на Белмезова и новиот одличен погодок на Керамичиева стигнуваме до три голови позитива. Следува период, кога двете екипи играат гол за гол, а црвено-црните ја одржуваат предноста. Најдобриот играч на овој дуел Сара Митова погодува за 26:23 на минута пред крајот. Конечниот резултат е 26:24

Најефикасна наша ракометарка беше Сара Митова со 7 и Наташа Нолевска со 4 погодоци.