Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > „Вардарки“ се шампионки во М14 лигата, нашата Јана Пислевска е МВП
„Вардарки“  се шампионки во  М14 лигата, нашата Јана Пислевска е  МВП

„Вардарки“ се шампионки во М14 лигата, нашата Јана Пислевска е МВП

Екипата на Вардар е најдобрата во М14 лигата-жени за сезоната 2021/2022…

Младите кошаркарки од „Под Кале“ стигнаа до две победи на финалниот турнир во Крива Паланка. По победата против Струга 2009 во полуфиналето, во доста израмнет финален натпревар, беа поуспешни и од своите врснички од екипата на Бадел 1872. Доволно да го подигнат победничкиот трофеј и ги добијат златните медали.

ВАРДАР – БАДЕЛ 1862    53:41

Младите кошаркарки на Вардар имаа предност од првиот момент на финалето во Крива Паланка. На крајот на првиот период се стекнаа со сосема солидни (15:7), кои избраничките на тренерот Славица Наков успеаја и да ги сочуваат до истекот на првото полувреме.

Имаа идентичен вишок од осум поени (28:20).

u

На почетокот на третиот период, девојчињата во „црвено-црна“ комбинација имаа и двоцифрена предност од (32:22). Но „баделки“ возвратија со своја серија на поени, по која дојдоа на само два поени негоатива (33:35). Но за кратко, затоа што дојде редот поени да дава Вардар, шест во серија, за ново одвојување, сега на стандардниот плус осум, (43:35), на осум минути пред крајот на финалниот меч. Не попуштија до крајот „вардарки“ во обидите да ја сочуваат таа постојана позитива.

Јана Пислевска – најдобар играч на турнирот

Кошаркарката на Вардар, Јана Пислевска беше прогласена за најкорисен играч на завршниот турнир кој во изминатите два дена беше успешно организиран во Крива Паланка. Младата кошаркарка на Вардар одигра значајна улога на двете средби од завршницата. Во полуфиналето беше на чекор до четирикратен ефект. Постигна 16.поени, но освен тоа имаше и 11. освоени топки, 9. скока и 8. асистенции. Во финалето, нејзиниот учинок беше сличен, 26.поени,10 освоени топки, девет скока и една асистенција.