Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лигата ќе брои 16 екипи, ЖРК Вардар во шеширот бр.2 за ждрепката
Лигата ќе брои 16 екипи, ЖРК Вардар  во шеширот бр.2 за ждрепката

Лигата ќе брои 16 екипи, ЖРК Вардар во шеширот бр.2 за ждрепката

Во новата сезона 2022/2023 во сениорската женската  ракометна лига ќе играат 16 екипи, што е за една повеќе од минатата, нов тим е ЖРК Скопје.

Тимовите и оваа сезона ќе бидат  кои што беа поделени во две групи во есенскиот дел, ждрепката за Женската лига ќе се одржи на 7 јули од 12:00 часот, кога ќе биде потврден и распоредот за новата сезона. Стартот за новата сезона би требало да биде на 10/11 септември, а во март, 2023 година, ќе биде финиширан регуларниот дел пред да почнат плеј-офот и плеј-аутот. Распоредот по шешири на екипите е направен по минатогодишниот пласман. Новиот клуб, Скопје е додаден во последниот шешир.

Шешири пред ждрепка за Женска лига:

шешир 1: Ѓорче Петров, Куманово

шешир 2: Металург, Вардар

шешир 3: Чаир, Стружанка

шешир 4: Деспина, Пелистер

шешир 5: Овче Поле СУ, Шампион

шешир 6: Гевгелија, Астибо

шешир 7: Спартак, Феникс

шешир 8: Кузман Илинден, Скопје