Светското првенство во Скопје за кадетки веќе е зад нас, во Македонската селекција имаше место за четири вардарки. Бојана и Борјана Коцеви, Сара Стефаноска и Јана Равојска. Нашите девојки одиграа значајна улога во црвено-жолтата селекција. Нивнот придонес низ бројки изгледа вака:
На овој шампионат Бојана Коцева даде 30 гола од 41 обид. Дури 27 гола од погодоците на Коцева беа со пробиви на линијата од шест метри, таа има најголем процент на погодени удари 73% во цела селекција и е во топ-3 стрелците. Бојана покрај тоа што беше меѓу најдобрите стрелци, подели и најмногу асистенции, вкупно 15, додека нејзината сестра упати 11 асистенции со што беше втор асистент, исто така Борјана имаше намногу украдени топки 7 и изнуди и најмногу седмерци 8. Вардарки доминираа кај асистенциите, Сара Стефаноска беше 3ти асистент со 8.точно подадени пасови, таа зад своето име впиша и 4.погодока. Крилото, Јана Равојска која имаше помала минутажа од останатите вардарки имаше исто така удел на ова Светско првенство, постигнувајќи 2.гола.