Кадетките на Рк Вардар се освојувачи на второто издание на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ во генерација родени 2000/01 година. Тие во финалето беа подобри од екипата на Рк Вардар Јуниор (23:11). Со вкупно три победи на крајот се најдоа на тронот во оваа генерација. На крајот имаше доделување на награди за најдобри поединци, како и избор на идеалниот тим на завршниот турнир. Три наши ракометарки се најдоа во овј избор, меѓу нив беше и Бојана Диневска, додека за најдобар голман беше прогласена исто така членот на Рк Вардар.
-Овој турнир како и досегашните во изминатата година беа предизвик за мене и постигнување на подобри резултати во играњето ракомет. Изминативе три дена, од досегашните одиграни утакмици со спротивните екипи, забележав дека има разбирање и добра комуникација во нашиот тим, која се виде и по нашиот постигнат резултат, сепак да не ја потцениме добрата игра на тимовите од цела Македонија. Од остварените резултати и досегашните игри на својот тим сум презадоволна, а сето тоа е резултат на вложување на нашите тренери, Анжела Платон и Александра Кузмановска, во изминативе две години и нашето искуство кое се стекна со заедничка работа и труд. Мојот личен придонес во игрите на овој турнир го сметам за доволен, но секогаш може и подобро. Во последниот меч игравме со претходно соиграчки и другарки, а сега противници на нашиот тим во кој покажавме добра игра, борбеност и уиграност и заслужено ја освоивме победата.
Во идеалниот тим на завршниот турнир се најде Бојана Диневска, која ја доби наградата за најдобро десно крило.
-Да бидам искрена, не ја очекував наградата иако ја посакував и благодарам на целиот раководен тим на Рк Вардар за укажаната чест, која мене премногу ми значи и големо благодарам на моите тренери кои се заслужни за мојата награда, изјави Бојана Диневска за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски