Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ивона Трпевска: Се надевам дека овие награди ќе продолжат и понатаму
Ивона Трпевска: Се надевам дека овие награди ќе продолжат и понатаму

Ивона Трпевска: Се надевам дека овие награди ќе продолжат и понатаму

Кадеткото финале на турниорот “Вардар, еден живот, една љубов“ помеѓу “сестринските“ екипи на Рк Вардар и Рк Вардар Јуниор им прпадна на Рк Вардар. Претходно двете екипи во своите грпи забележаа по две победи и го обезбедија првото место, кое им овозможи да се сретнат во големото финале. Во идеалниот тим се најдоа три наши ракометарки, а доминиравме и во изборот за најдобар голман. Во финалниот дуел, најефикасна во поразениот тим беше Ивона Трпевска.

-Веќе втора година сум член на ова големо семејство и втора година што учествувам на турнирот “една љубов еден живот”. Ова е еден прекрасен проект, преку кој се гледаат врeдностите на децата кои се трудат да го покажат најдоброто што го умеаат. Преку докажувањата на изиграните утакмици јас сум задоволна од мене и мојот придонес за мојот тим. Во секој натпревар вложував максимум, па заедно со соиграчите успеавме да победиме и да се пласираме во финалето каде се соочивме со нашите постари колешки. Но, не се откажавме, иако помали ние игравме до последната минута. Како најефикасна на тој меч со постигнати 8 погодоци се запишав во листата на стрелци. За жал тоа не беше потребно да победиме па тоа само ќе ни биде мотивација за во иднина.

Ивона Трпевска е единстеваната ракометарка од поразениот тим на Рк Вардар Јуниор, која се најде во идеалниот тим на завршниот турнир.

-Задоволни сме и од второто место, а наградата за најдобро лево крило ме прави уште посреќна и помотивирана. Таа се должи на вложениот труд на тренинзите и советите кои ми ги даваат моите тренери. Мислам дека го оправдав нивниот труд и дека ги направив и нив среќни и горди. Се надевам дека овие награди ќе продолжат до крајот на сезонава, а и понатака, ние сме тука да работиме и да покажуваме дека секогаш може подобро, изјави Ивона Трпевска за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски