Пионерите на ФК Вардар дојдоа до втора победа во лигата, тие денес на „Локомотива“ беа подобри од Куманово Милано со резултат 4-1 (2-0). Црвено-црните момци доминираа во текот на целиот натпревар и дојдоа до шест бода по одиграни две суперлигашки рунди.
Ние на оваа средба имавме теренска иницијатива, најпрвин две прилики за погодок имаше , Танчев Михаил. Нашата игра беше наградена со гол, по асистенција на одличниот Лефковски топката дојде до Николовски Марко, кој стрелаше за предност од 1-0. Атакувавме на втор погодок, опасен удар крај голот имаше , Танчев Михаил. Успеавме да ја удвоиме предноста, за нас погоди Лефковски Давор за 2-0. Последна прилика за погодок во првиот дел имаше Ајетовиќ Нуман од слобен удар. На одмор заминавме со комотни 2-0.
.
Вториот дел започна со наша доминација и погодок по само 5.минути, ние поведовме со 3-0 преку Гаштаров Матеј. По само 15.минути во вториот дел црвено-црните ја удвоиа предноста од првиот период, со неговиот втор гол Николовски Марко зголеми на 4-0 за вардаровиот пионерски тим. Ние бевме тимот кој доминираше на теренот во сите аспекти. До крај ривалот само постигна почесен погодок за 4-1, резултат со кој се оконча дуелот.
Стартен состав: Нанчовски Стефан, Спасовски Милош, Ајетовиќ Нуман, Лефковски Давор, Јанкоски Драган, Порчу Димитар, Николовски Марко, Величковски Андреј, Танчев Михаил, Гаштаров Матеј и Миовски Александар.
Во игра влегоа: Никодиновски Никола, Хасиќ Мирза, Брзаковски Ангел, Грбовиќ Дарис и Ѓорѓиевски Матеј.