Вчера, младинките на ЖРК Вардар гостуваа кај екипата на Шампион, цевено-црните дами дојдоа до победа со резултат 21-32 (11-18).
Девојките на Царчев и домаќинот играа рамноправен дуел на самиот почеток се до резултат 4-4. Потоа ние доминиравме на теренот, ги затворивме сите приодни кон нашиот гол, во напад казнувавме и со серија 0-5 поведовме со 4-9. Од тој момент до крајот на првиот период ја контолиравме играта, успеавме да заминеме на одмор со седум гола позитива, односно со резултат 11-18.
На самиот почеток на вториот дел со добра игра и серија 1-4, дојдовме првпат на двоцифрена предност, поведовме со 12-22. До крајот на овој натпревар ние рутински го одигравме овој натпревар, победата дојде до 11.гола позитива, крајниот резултат беше 21-32 за нас.
Кај нас прв стрелец беше Радевска Бојана со 7.гола, Максимовска Наталија и Коцева Борјана погоди по 5.пати, а 3ки впишаа Тошевска Магдалена и Поповска Нина. Вероника Ѓорѓиевска одбрани на голот 7 удари, Марија Галачева сопре 6.топки.