ЖРК Вардар заврши како лидер во групата-А во женската лига. Денес на последниот дуел од есенскиот дел воедно и последниот од групната фаза го совладавме тимот на Спартак.
На оваа средба бевме гости во салата “Круме Кепески”, на почетокот единствено само до 2-2 беа рамноправни со нас. Потоа влеговме во ритам и до крајот на првиот дел поведовме со 9.гола, на одмор водевме со 12-21. Во вториот дел само ја зголемувавме предноста која нарасна на високи 31.гол до 60.минута. Победата дојде со резултат 17-38 на крајот.
Кај нас Миновска даде 10.гола, капитенот Диневска имаше 8.погодоци, а Џатевска Ивана погоди во 7.наврати. Илиќ одбрани 12.удари, а Галачева сопре 6.топки.