Кадетките на ЖРК Вардар, вчера одиграа дуел од својата конкуренција, тие гостуваа кај тимот на Ѓорче Петров-ЖРК, на оваа средба домаќинот не совлада со резултат 29-25 (13-12).
Оваа средба започна рамноправно со почетни два гола во двете мрежи за 2-2 на стартот. Домаќинот имаше повеќе од играта и успеа да се одлепи на четири гола, дотогаш најголемата предност за нив при резултат 8-4 некаде на средината на првиот дел. Младиот состав на вардарки, успеа да се врати во игра, беше подобар во следниот период и со серија 1-4 намали на само гол негатива, на семафорот стоеше 9-8. Успеавме да не дозволиме да се одлепи домашната екипа, па на одмор заминавме со минимална негатива, односно со резултат 13-12 за ѓорчепетовки.
Вториот дел започна со неколку резултатски симетри, на семафорот беше 13-13, потоа 14-14 и 15-15 и на крајот 16-16. Домашната екипа успеа да се одлепи и да биде неколку чекора пред нас па на крајот дојде до победа. Ние бевме поразени со резултат 29-25 на оваа за нас прва официјална средба во 2023 година, во првото коло минатата сезона во групата-А бевме слободни.
Кај нас Ангела Шехтанска беше прв стрелец со 10.гола, Миленковска Леона имаше 4.гола, по три пати стрелаа Сара Ристовска и Иван Николова.