Кадетките на ЖРК Вардар, денес во рамки на дуел од Групата-А ја пречекаа на домашен терен екипата на ЖРК Чаир. Девојките на Анжела Платон и Марија Папуџиева беа подобри и убедливо ја совладаа ривалската екипа со резултат 30-15 (11-06).
Ние започнавме фуриозно на самиот почеток отворивме со високи 4-0, ривалот не успеа да се врати во игра по ова наше почетно водство. Од минута во минута ние го контролиравме дуелиот и поведовме со шест гола повеќе (9-3). На одмор заминавме со резултат 11-06 на семафорот во “Круме Кепески“ во наша корист.
Вториот дел ни припадна целосно на нас, предноста од пет гола од првиот период ја зголемивме тројно, дојдовме до победа со високи 15.гола повеќе, тимски го надигравме ривалот на оваа средба и победивме со 30-15.
Кај нас Леона Миленковска беше прв стрелец со 10.гола, Ангела Шехтанска погоди во 5.наврата, а 3.гола беа дело на Ива Петрова.