Екипата на Баскет Кам 2011, една од најдобрите во изминатите неколку сезони, ги дочекува натпреварите од плеј-офот, од најдобрата, од првата стартна позиција.
Кошаркарките од Македонска Каменица го добија дерби дуелот од 14, и последно коло од регуларниот дел од сезоната. Беа подобри од Вардар, на гостувањето во „Кале“ славеа со (73:65).
И тоа со голем пресврт кој го направија во последната четвртина, во која влегоа со негатива од четири поени (58:62). На противникот му дозволија да постигне само три поени, доволни за 12. победа во 14. одиграни мечеви.
Дури четири кошаркарки на баскет кан 2011 го заврпија натшреварот со двоцифрен број на поени. По 17 дадоа Марија Николов и Елена Тасевска, свои минути имаа и Сања Адамоска која заврши со 16 поени, на кои додаде за бек, изворедни 14 скока, плус у шест асистенции, и Сара Максимовска коај дополни со десет.
Малку поразлично беа поделени поените кај Вардар, каде во преден план е учинокот на најискусната Славица Наков, која постигна 24 поени, а имаше и девет скока, шест освоени топки и пет асистенции, и најмладата, Ања Начевска кој пак својата добра игра ја заокружи со реализација на 20 поени, четири скока и по две асистенции и блокади.
Дуелот кој одлучуваше која екипа ќе заврши на петтото место во кој се сретнаа екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Струга 2009 им припадна на новите освојувачки на Купот. Славеа девојките во „сино-бела“ комбинација со сигурни (75:61), кои ќе тргнат во битките за вториот трофеј во оваа сезона токму со четвртфиналната серија против екипата на Вардар.
Доигрувањето за шампионската титула ќе стартува на 8. април.
Но претходно, согласно со системот за натпреварување, ќе се одиграат и две бараж-серии во кои ќе играат седо односно осмопласираната екипа од Првата „А“, односно прво и второпласираните екипи од групата „Б“.
Според системот „подобар во три натпревари“, овие четири екипи ќе одлучат кои две од нив ќе играат во плеј-офот за шампионската титула.
Овие натпревари ќе се играат на 25, односно 29. март, а ако биде потребно, т.н. „мајсторка“ е превидена да се игра на 1 април, на теренот на подоброрангираните екипи (Гризли и Пробаскет).
ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 14. КОЛО
Крива Паланка – Пробаскет 83:38
МЗТ Скопје Аеродром – Струга 2009 75:61
Гризли – Бадел 1862 43:68
Вардар – Баскет Кам 2011 65:73
ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 26, Бадел 1862 24, Крива Паланка 23, Вардар 21,МЗТ Скопје Аеродром 21, Струга 2009 19, Гризли 17, Пробаскет 15;
БАРАЖ-НАТПРЕВАРИ
(25 март, 29 март, 1 април*)
Пробаскет – Патриот 2016
Гризли – Шкупи
*ако биде потребно
ПЛЕЈ-ОФ
ЧЕТВРТФИНАЛНИ ДВОЈКИ
(1) Баскет Кам 2011 – (8)Пробаскет/Патриот 2016
(2) Бадел 1862 – (7)Гризли/Шкупи
(3) Крива Паланка – (6) Струга 2009
(4) Вардар – (5)МЗТ Скопје Аеродром