Денес тимот на ЖРК Вардар дојде до првата победа во плеј-офот од женската лига, на домашен терен ја пречекавме екипата на Стружанка. Црверно-црните девојки остварија победа на оваа средба со резултат 35-17.
Првиот дел започна со предност на гостинот кој поведе со два гола (1-3), на самиот почеток. Вардарки веднаш се вратија во игра и со серија 4-0 направија пресврт поведувајќи со 5-3, од тој момент до крај на дуелот не ја испуштивме предноста. Од минута во минута ја градевме разликата која на одмор беше двоцифрена, на пауза заминавме со резултат 19-9 за нас.
Вториот дел на оваа средба од 3.коло во плеј-офот ни припадна во целост, нашата клупа даде прилика на целиот ростер кој беше на располагање. Предноста раснеше, на на крајот на 60.минути на семафорот во салата „Круме Кепески “ стоеше 35-17 за нашите девојки.
Кај нас по 7.гола имаа Магдалена Тошевска и Ивона Трпевска, Сара Стефаноска постигна 6.погодоци, а 5ки зад своето име имаа Сара Миновска и Бојана Коцева.
Голманите имаа дури 22.одбрани, тие сопреа 57% од ударите кон нивниот гол. Илиќ Андреа сопре 8.удари, одлични беа и Трајкоска Јована и Вероника Ѓорѓиевска со по 7.одбрани.