Кошаркарите на Вардар се победници во натпреварите од Втората лига-мажи. Во натпреварот за трофејот, вечерва во салата на СРЦ „Кале“, „црвено-црните“ беа подобри од ГКК Охрид. Славеа со убедливи (89:74), само како потврда на првата позиција пред баражот за пополнување на двете места кои водат во највисокиот ранг на натпреварување.
Во последниот меч од сезоната, „вардарци“ беа доминантни во втората и во третата четвртина. Или 20. минути во кои парцијално направија „вишок“ од 20.поени (49:29), кои беа и повеќе од доволни за шампионскиот трофеј.
Хусеин Бајрам, со 18 реализирани поени беше најдобриот стрелец во победничката екипа, додека пак во онаа од Охрид, 14 реализираше Столески.