На 21 мај во Струга градот на поезијата се одржа по трет пат трка на поезија во должина од 5км и 10км
Петре Завировски беше единствен наш претставник на Трка на Поезијата – Poetry Run која. Тој успеа да истрча одлична трка беше 2 минути побрз од пред 2 недели на Skopje Run овој пат патеката долга 10км ја мина за 39:17 минути. По серијата на повреди Завировски влегува во одличен ритам. Во следниот период можеме да очекуваме враќање и подобрување на неговите резултати во споредба со претходната сезона.
До 7км од трката Александар Кираџиев го пејсираше ритамот на Завировски и со тоа му помогна да извади макдимум од себе. Потоа Завировски профолжи сам и успеа за само 2 недели да спушти 2 минути на трка на 10км
На 4 јуни Завировски ќе трча 21км во Охрид на Охрид Трчат. Во моментов не е во формата од претходната сезона. Но брзо се подобрува и влегува во ритам, за брзо можеме да очекуваме одлични резултати.