Во натпреварот за третото место на завршниот турнир, Вардар беше подобар од домаќинот на овој турнир, Крива Паланка…
ЗА ТРЕТО МЕСТО
КРИВА ПАЛАНКА – ВАРДАР 55:83
(14-10; 15-22; 11-22; 15-29)
КРИВА ПАЛАНКА: Грчевска 25, Стојановска, Цветковска 8, М. Велковска 6, Стојчевска 3, Ѓорѓиевска 2, Митовска, Б. Велковска 2, Стојановска 4, Бошковска 2, Николовска, Павловска 3;
ВАРДАР: Ристеска, Димитровска 5, Начевска 8, Пислевска 35, Стојановска 2, Костова 4, Трајковска 18, Столеска, Николиќ, Гиновска 3, Ефтовска, Илиевска 4, Стефковска 4;
Освен во првата четвртина, „вардарки“ беа подобар противник од домашната екипа. Девојчињата од Крива Паланка одржуваа каков-таков резултатски приклучок во првото полувреме, во кое Вардар поведе со (32:29).
Но во второто полувреме, младите кошаркарки на Вардар доминираа во целост. По убедливите (22-11) во третата четвртина, се одвоија на високи (54:40), па последниот период беше само одработување на задачата
Вардар го доби бронзените медали, во голема мерка и поради одличниот поентерски настап на Пислевска, која средбата ја заврши со 35.поени, и на Трајковска која имаше уште 18 во победничката екипа.
Кај Крива Паланка, далеку напред, со 25.поени беше одличната Грчевска.