Младинската женска репрезентација на Македонија од четврток ја очекува настапот на Европското првенство во Романија.
Црвено-жолтите девојки се дел од групата Д, покрај нас во истата се и селекциите на: Црна Гора,Чешка и Данска. Во селекцијата има шест вардарки. Дуелите од групата Д ќе се играат во градската спортска сала во Миовени, познат е распоредот за нашите девојки во групната фаза:
- 6 јули, 18:45, Македонија – Црна Гора
- 7 јули, 16:30, Данска-Македонија
- 9 јули, 14:15, Македонија – Чешка